Административен термин - категорија

бановина повеќе

мн. бановини
Вид збор: Именка, женски род
Област со која управува бан.
Англиски: shire

барање повеќе

мн. барања
Вид збор: Именка, среден род
Документ со кој нешто се бара од надлежен орган, молба, претставка.
Англиски: request Албански: kërkesë

бег повеќе

мн. бегови
Вид збор: Именка, машки род
Благородничка титула, титула на феудален земјопоседник или на заповедник во Турското Царство. Кога стои со името обично се става по името.
Англиски: bey Турски: bey Албански: beg, bej

беглербег повеќе

мн. беглербегови
Вид збор: Именка, машки род
Врховен заповедник, воени граѓански старешина на некоја област или покраина во Турското Царство.
Турски: beylerbeyi

бележник повеќе

мн. бележници
Вид збор: Именка, машки род
Тетратка за белешки.
Англиски: notebook, organizer

биографија повеќе

мн. биографии
Вид збор: Именка, женски род
Документ што ја опишува кариерата на кандидатот којшто конкурира за некоја позиција.
Англиски: resumé

биро повеќе

мн. бироа
Вид збор: Именка, среден род
Одделение на претпријатие, установа.
Англиски: office Албански: zyrë, byro
Раководно тело.
Англиски: bureau Албански: byro, udhëheqësi

бирократија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Систем и начин на управување, на владеење на чиновничкиот апарат.
Англиски: bureaucracy Албански: burokraci
Административен апарат во државните установи и во стопанските организации што се поставува над вистинските носители на репродуктивниот труд.
Англиски: bureaucracy Албански: burokraci

благодарница повеќе

мн. благодарници
Вид збор: Именка, женски род
Писмена изјава на благодарност за нешто.
Англиски: thank-you letter Албански: mirënjohje, falënderim
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш